СДСМ: Трајановски по наредба на Груевски ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ

0
54

„Коце Трајановски, по наредба на Никола Груевски исече 59 дрва во кампусот на УКИМ.

Документите во прилог тоа го потврдуваат. Никола Груевски е идејниот творец, планер и дизајнер на уште два нови барокни објекти во Скопје.

Министерството за образование и наука испратило барање до Градот Скопје да се исечат дрвата во кампусот на УКИМ. Барањето е испратено на 11 декември.

Тоа што Груевски побарал, Коце експресно реализирал, на штета на граѓаните. Дрвата се исечени истата вечер, во рок од помалку од 24 часа, во 2 и 50, далеку од очите на јавноста, како најголеми криминалци.

Слепиот извршител на Груевски, Коце неумешно и попусто се обиде да се одбрани за сечата на дрвата и уништувањето на зелените површини во кампусот на УКИМ.

Јасно е дека Коце безброј пати одработува за лудилото на Никола Груевски со спомениците. Никола Груевски и Коце Трајановски го уништија центарот на Скопје.

Додека граѓаните дишат загаден воздух со канцерогени ПМ10 честички за Груевски најважни се барокните тендери на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески.

Груевски не го интересираат реакциите и протестите на студентите и граѓаните.

Човекот што расипнички потроши 630 милиони евра за споменици, над 15 милиони евра за панорамско тркало, 250 илјади евра за 3 жални врби во Вардар, единствено мисли на провизии за фамилијата, парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра со кожни седишта и екрани, очила Мајбах од 60 илјади долари…

Коце Трајановски нема капацитет да го води градот. Тој нема ниту сила, ниту амбиција да се спротивстави на лудилото на криминалецот и политичар во заминување Никола Груевски.

На Скопје му треба вистински градоначалник.

Коце Трајановски треба да поднесе итна и неотповиклива оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

05.-b-Informacija-za-secenje-drva_Page_1 05.-b-Informacija-za-secenje-drva_Page_2 05.-b-Informacija-za-secenje-drva_Page_4 05.-a-Baranje-informacija-za-secenje-na-drva_Page_1 05.-a-Baranje-informacija-za-secenje-na-drva_Page_2

СПОДЕЛИ