СДСМ: Ставрески нема кредибилитет да зборува за враќање на долгови

0
207

„Човекот познат по шемите „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ и зборовите од типот „ние сме лудаци“ нема никаков кредибилитет или морален интегритет да говори за сериозност и одговорност.

Напротив.

Мизерно и лицемерно е Зоран Ставрески да говори за враќање на долгови. Ставрески може да говори само за зголемување на долгови и задолжување на граѓаните и идните генрации.

Ставрески ги задолжи граѓаните со три еврообврзници во вредност од 1 милијарда евра а постојано да говори дека се за враќање на еврообврзница од 150 милиони евра, од пред 10 години.

Груевски и Ставрески јавно признаа дека без постојано да ги задолжуваат граѓаните и државата не можат да исплатат плати и пензии, иако граѓаните тешко си ги заработиле, дека не можат да исплатат субвенции, поврат на ДДВ…

Тоа е клучна карактеристичка на расипничка и неодговорна власт.

Тоа е одлика на презадолжена влада којашто ја турка земјава во банкрот.

СДСМ ќе продолжи со својот одговорен, транспарентен и принципиелен однос кон јавните финансии. СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните и идните генрации.

Повторно напоменуваме дека секоја наредна аукција без согласност на дополнителниот заменик министер во иднина може да биде оспорена како легитимен јавен долг на Република Македонија.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето друштво!“, велар од СДСМ.