СДСМ: Потсетување за Цветков, оној што го прекршил законот мора да одговара

0
108

„Повторно, министерот за земјоделство Михаил Цветков наместо да понесе одговорност за случајот Србиновски, се крие преку соопштенија на ресорното министерство упатени до дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски кој е дел од оваа институција.

Во случајот со раководителот на подрачната единица на министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски воопшто не се работи за шпекулација туку за факти.

Од известувањето кое го добивме од Јавното обвинителство се потврдува судир на интереси, што значи дека Србиновски намерно предизвикал штета на земјиштето кое било доделено на неговата сопруга поради што кривичната пријава е доставена заедно со сите прилози.

На Цветков му следува и нова Кривичната пријава за злоупотреба на службената положба во скандалот со доделување на милионскиот тендер за чистење на канали на фирмата „Силекс Неметали“ во сопственост на „Силекс АД Кратово“.

Во време на склучување на договорот на МЗШВ, раководено од Михаил Цветков, со „Силекс неметали“ министерот се уште официјално според Централниот регистар на Македонија бил член на Управен одбор на „Силекс АД Кратово“.

Го потсетуваме министерот Цветков дека секој што го прекршил законот, без разлика на која функција е, мора да одговара.

Тоа се однесува и за него“, велат од СДСМ.