СДСМ: Над 600.000 луѓе се иселиле од Македонија до 2013 година!

0
107

Македонија останува земја без луѓе! Македонија не ја напуштите 600.000 граѓани!

Од Македонија заминале многу повеќе луѓе од 600.000. Само до крајот на 2013 година од Македонија се иселиле неверојатни 626.312, според објавени податоци од Светска банка! Ако до 2013 заминале 626.312 илјади, колку иселени од Македонија има после две години, до крајот од оваа 2015 година, прашуваат од СДСМ.

Најголем дел од младите, ако имаат можност, би ја напуштиле државава.
Најмногу поради невработеноста. Сите статистики говорат дека од земјава се иселуваат главно образувани луѓе, велат од партијата.

Над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден! Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот.

Над 10.000 фирми се затворени. Вработените во нив се на улица. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Вработените во овие фирми се со месеци без плата.

Ова го спроведоа Груевски и соработниците кои работат по лектири на Ал Капоне.

Никола Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија. После 10 години, што и најавува Никола Груевски доцна е.

Збогум Никола, велат од СДСМ.