СДСМ: Мизо зборува за виртуелен извоз -834 милиони евра трговски дефицит

0
53

Мизо решил да зборува за виртуелен извоз, не знаејќи како да се оправда за тоа што во Македонија освен виртуелни нема странски инвестиции, што официјално го потврди и Народна банка со податокот дека само 8,5 милиони евра влегле во третиот квартал.

За каков голем извоз зборува Виктор Мизо кога според официјалните податоци од Народна банка во првите шест месеци од оваа година трговскиот дефицит изнесува -834 милиони евра?

Тоа е реалноста од којашто сакаат да побегнат Никола Груевски и Виктор Мизо.

Поради погрешните политики на Никола Груевски секоја година трговскиот дефицит во размената со странство е во просек, во минус од над 1,5 милијарда евра.

Истото ќе се случи и оваа година имајќи го предвид фактот дека во првите шест месеци трговскиот дефицит е -834 милиони евра.

Поразителниот „резултат“ на Никола Груевски дополнително потврдува дека нема странски инвестиции во Република Македонија коишто би го кренале извозот и би го зголемиле приливот на капитал.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето друштво“, стои во соопштението на СДСМ.