СДСМ: Медиумските курири бескомпромисно ги бранат криминалите на Груевски

0
79

„Наместо точно информирање, медиумските курири преку нарачаните текстови коишто ги објавуваат покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги во добрана на криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Никола Груевски шест дена молчи која е неговата улога во злостроничкото здружување медиумските курири шират лаги и неуспешно се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Граѓаните во Република Македонија се обединети против корупцијата и криминалот.

Секој оној којшто ги прекршил уставот и законите треба и мора да понесе одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.