СДСМ: МИА е должна да им каже на граѓаните под чиј налог требало да ја сокрие веста

0
54

mia-ne_pushtaj-670x397

Цензурата од државната агенција МИА на веста дека Стразбур пресудил оштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски ја прели чашата на пропагандата на Груевски.

Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива.

Државната информативна агенција МИА којашто ја плаќаат граѓаните се обидела да сокрие информација од истите тие граѓани.

Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд Ивановски.

Веста за цензурата во МИА излезе во јавност, како што излегоа и милионите на Кирир, Република, Радио Слободна Македонија, Сител, Канал 5, Алфа…

Овој случај е уште еден доказ дека медиумите, вклучувајки ги и јавните медиумски сервиси се под тотална контрола на власта и дека е неопходна медиумска регулација.

Овој случај е уште еден доказ зошто Груевски не сака регулација на медиумите – бидејки нема да може да ги контролира информациите што го потврдуваат неговото криминално, валкано, расипничко владеење.

Завршува времето на Груевски.

Груевски и сите негови соработници во злоделата ќе одговараат.

СПОДЕЛИ