СДСМ: Крај за инвестициите на фамилијата во лаги и криминал!

0
76

Соопштение на СДСМ:

Поради виртуелните инвестиции на Груевски Македонија е последна земја во регионот и Европа по странски инвестиции. Груевски ги излажа граѓаните за 307 милиони евра странски директни инвестиции коишто никогаш не се реализираа. И Народна банка го демантираше Груевски кој во последните денови од неговиот мандат се расфрла со виртуелни бројки. Македонија во последното тромесечие имала само 8.5 милиони евра странски инвестиции! Тоа е помалку од половина Панорамско тркало во Вардар, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека само во последните денови од мандатот на Груевски над 1.000 рудари одТораница и Добрево останаа на улица, без работа, затоа што виртуелната инвестиција на Груевски се повлекува од државата.

„Над 50 граѓани од Берово остана без работа,поради стечајот што го прогласи турската фирма Улак амбалаж. Во Свети Николе, Груевски ги излажа граѓаните за наводни 450 вработувања, во некаква фабрика за производство на печурки, којашто никогашне се изгради. Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхостод Данска…Од виртуелните инвестиции на Груевски останаа само лажните ветувања и празни ливади. Од виртуелните политики на Груевски над 500.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштија, а 626.312 луѓе ја напуштиле Македонија. Во мандатот на Груевски има само инвестиции во лаги и криминал за богатење на фамилијата. Мандатот на лаги и криминал на Груевски и фамилијата завршува“, се нагласува во соопштението.