СДСМ: Димитриев и Џафери го создадоа проблемот со невработени професионални војници

0
151

Предлогот на власта за наводно решавање на проблемот со професионалните војници што таа го создаде само ја потврдува хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа предлог закон за измени на Законот за служба во АРМ со кој се најавува решавање на статусот на професионалните војници кои останаа без работа.

-Токму Емил Димитриев и Талат Џафери се луѓето кои го политизираа Министерството за одбрана и го креираа овој проблем којшто кулминираше со штрајк со глад на дел од професионалните војници- подвлекува СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат дека во изминатиот период партијата алармираше за проблемот со нерешениот статус на професионалните војници којшто го создаде власта и ги поддржа барањата на самите војници.

-Јавно побаравме да им биде решен статусот, да бидат ангажирани како и нивните колеги.Поради проблемот што им го создаде власта професиналните војници започнаа и штрајк со глад пред Собранието. Власта молчеше и не превзема ништо.СДСМ и опозицијата го поддржа и Предлог законот за измени на Законот за служба во АРМ за проширување на опфатот на професионалните војници што беше гаранција за решавање на нивниот статус. СДСМ и понатаму ќе ги поддржува сите иницијативи кои што ќе резултираат со решение на статусот на поранешните професионални војници коишто власта ги дискриминирше во претходното законско решение – велат од Партијата.