СДСМ: Груевски е фатен, му дал 186 хектари пасиште на Миленко

0
268

„Никола Груевски во 2009 година на својот близок соработник, водителот Миленко Неделковски, му дал 186 хектари пасиште на 10 години во село Долно Чичево и село Подлес.

Ова пасиште наменето за 744 грла добиток, Миленко го добива од Никола Груевски со само 60 кози. Шест години подоцна  стадото го зголемува  на  едвај  132 кози.

Додека сточари молат за парче земја за напасување на добитокот, овој миленик на власта има пашалук од цел рид или колку 250 фудбалски игралишта.

Оттука зачудува нервозната реакција на Курир  за која не знаеме во кое својство е освен неуспешен обид за одбрана на Миленко Неделковски и Никола Груевски.

Тоа дека Миленко Неделковски располага со концесија за пасиштето неспорно укажува тековната состојба на корисникот на концесијата и показателите од тековните состојби.

Документите од Централниот регистар се јасни, запишани се имињата на Миленко Неделковски, неговата мајка Виолета Неделковска, друштвото ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ и Ратка Неделковска кои што случајно имаат иста адреса и место на живеење.

Договорот е од 10.3.2009  година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

Што се донесува до стопанисувањето со пасиштето, постојат органи во државата кои ќе утврдат дали работи законски или незаконски.

СДСМ прашува зошто таа површина на земјиште да се користи за 132 кози, да се узурпира толкав простот и даде на концесија на лице од Скопје, близок соработник на Никола Груевски, а не на одгледувачи на добиток кои живеат во тие населени места, како што предвидува Законот за пасишта.

Дополнително прашање е дали се врши контрола и врз леглата на кучиња кои можеби се во поголем број од стадото, во кои објекти се чуваат и дали истите безбедно се чуваат за да може слободно да се дозволи поминување на друг добиток и луѓе.

Нема оправдување за ваквото самоволие, злоупотреба на државните ресурси и богатење на сметка на вистинските земјоделци.

СДСМ бара имотот на Република Македонија со кој што располага Владата да им биде доделан на лицата коишто тоа го заслужуваат, на вистинските земјоделци.

СДСМ превзема обврска да ја исправи оваа неправда по промените коишто ќе се случат на изборите.

Сите оние што го прекршиле законот ќе одговараат“, стои во соопштнието на СДСМ.