СДСМ: Виртуелни фабрики на Груевски од Кина

0
320

„За време на мандатот на Никола Груевски, во изминатите 10 години, ниту една кинеска компанија нема инвестирано во Република Македонија во нова фабрика, во производство на некаков производ.

Според официјалните податоци на Народна банка, во периодот од 2011 до 2014 година Македонија има минусно салдо во размената со Кина од -3,8 милиони евра.

Тоа значи дека не само што нема прилив на капитал од Кина туку има одлив од Македонија во висина од 3,8 милиони евра.

Тоа се виртуелните инвестиции, виртуелните фабрики и виртуелните работни места на Никола Груевски што ги ветува на секоја негова посета на Кина а никогаш не се реализираа.

Корупцијата во врвот на власта во изминатите години изеде безброј работни места, спречи многу инвестиции и спречи отворање на многу нови фабрики.

Никола Груевски во изминатите 10 години мислеше само на тендерите и бизнисите на фамилијата.

Граѓаните слушнаа од проектот „Вистината за Македонија“ за провизиите тешки 25 милиони евра.

Виртуелни се фабриките на Груевски од Кина, во реалноста нема ниту една. Сега не поминуваат новите виртуелни верувања на Никола Груевски.

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.