Ременски: Одлуката на Управниот суд не значи укинување на решенијата

0
284

Одлуката на Управниот суд кој донесе 12 решенија за времена мерка на решенијата за разрешување и назначување на директори на центрите за социјални работи, не значи укинување на самите решенија бидејќи Управниот суд е ненадлежен за оценка на управните акти, истакна денеска министерката за труд и социјална работа Фросина Ташеска-Ременски на Конференцијата за Локалните економско социјални совети.

– Исклучива надлежност за оценка на законитоста на овие поединечни акти и укинување, доколку се утврди некое незаконско постапување е Основниот суд Скопје 2 и Државната изборна комисија за решавање на управните спорови во делот на работнте односи кој оддлучува по жалба на разрешениот, рече Ташевска-Ременска.

Управниот суд, додаде таа, е единствено надлежен да одлучува дали заменик министерот Спасов има право да ги потпишува решенијата за разрешување и именување на в.д. директори, но не и да се впушта во забрани по однос на извршување на законски дадените надлежност на министерот.

Ташковска-Ременски смета дека Управниот суд отишол малку подалеку во својата надлежност, а тоа е дека навлегол во толкување на одредбите на Законот за измени и дополни на Законот за Влада во делот на прашањата кои се однесуваат од организација на избори.

– Јас укажав дека дополнителниот заменик министер испуштил една многу битна фаза пред да поднесе тужба за управен спор пред Управниот суд. Тоа е дека не го прашал ДИК дали овие решенија за разрешување на директорите се прашања од организација на избори за понатаму да се спори процедурата на заемно потпишување на актот или пак станува збор за прашање кое што се однесува на негово законско непостапување кога ги избирал истите директои воедно во исто време да потпише и менаџерски договор како обврска од закон, рече Ташевска-Ременски.

Според неа, доколку се спори самиот процес на носење на актите тогаш во тој случај Диме Спасов треба да поднесе тужба до Управниот суд и да ги спори и потпашаните менаџерски договори коишто се основ за законитото работење на директорите.
На прашањето за неисполнување на обврската на ПИОМ за исплата на средства кон приватните фондови од вториот пензиски фонд. Ташевска-Ременски рече дека во два наврата Министерството испратило Комисија која е формирана со решение од министер и има обврска да го следи работрењето на ПИОМ и дека е попречено во извршување во надзорот, што, според неа, повлекува кривична одговорност.

– Направивме неколку дописи на кои што останавме само на преписки. Во првите 15 дена од јануари веќе е направен дефицит на сметката на фондот за ПИОМ со раздолжувањето кон пензиските друштва што ќе се провлекува со месеци до крајот на 2016 што ќе остави простор на повторно јавување на долг кон пензиските друштва, изјави Ташковска -Ременски.