Режимскиот рекетар Горан Трајковски избран за директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци

0
382

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја прифати одлуката со која се предлага Горан Трајковски да биде назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Според пратениците од опозицијата, овој предлог е скандалозен, бидејќи станува збор за инкриминирана личност.

– Со ова Трајковски се наградува, бидејќи со години вршел легален рекет и бил извршител на власта, велат од СДСМ.