РЕЖИМСКИТЕ ПАРАЗИТИ се множат: Четворица административци добиле 15.000 евра, а не се појавиле на работа

0
235

Огромни пропусти констатирал Државниот завод за ревизија во работењето на Министерствот за животна средина. Четворица вработени во ова министерство, практично воопшто не оделе на работа, а вкупно земале околу 15.000 евра, констатира ревизорот, пишува „Плусинфо“.

„Ревизијата утврди дека исплатени се 948.000 денари на име бруто плати за четворица вработени кои согласно решенијата донесени во 2010 и 2011 година се распределени на работни места: помлад соработник за изготвување на извештаи по предлози и преставки, самостоен референт за административни работи, евиденција и документирање, помлад референт за општи и административни работи и самостоен референт-технички секретар, при што лицата воопшто не дошле на работните места во Министерството. Оваа состојба не е во согласност со член 82 од Законот за работни односи, член 29-а, член 77 и 88 – г од Законот за државни службеници и преставува неекономично и неефикасно користење на буџетските средства“, пишува во ревизорскиот извештај.

Целито текст ОВДЕ