Протест на жените од ВМРО

0
853

Протест на жените од ВМРО

Стигнуваат пред седиштето на СДСМ. Молк. Жените се малку збунети.
Рангелова почнува да вика:  ‘жени, жени, ние сме жени’.
Жените пак молчат.
Софија Лаличиќ пали цигара, влече еден дим и почнува да фрла со сваровски дијаманти накај седиштето на СДСМ.
Боркица почнува да ги дели сендвичите: ‘Полека жени, за сите има, не се грабајте’.
Ивона Талевска трчи целата крвава, почнува да плаче  и раскажува како ја претепале по пат соросоиди.
Лидија Богатинова и Цаци известуваат од терен.
Силвана Бонева ги врзува македонското и албанското знаме, да се сочува меѓуетничката димензија на протестот.
Јанкулоска сака да влезат внатре и да ги сотрат комуњарите.
Јелена Жугиќ дава ексклузивна изјава: ‘секој вистински уметник, кој си ја сочувал уметноста во себе, денес е пред СДСМ’.
Од далеку се слуша дека иде Есма Реџепова. Ја носат за уши.
Бети Канческа Милевска предлага да се стави споменик на жени херои пред седиштето на СДСМ.
Калиопи ја пее ‘обои ме’.
На Мирка Велиновска и се слошало, местото ја потсетувало на стари спомени.
Антонио Милошоски носи транспарент “Илинка митрева оди си”.
Протестот завршува со песна на Цеца, во изведба на Каракамишева.

Фејсбук статус
Љуми Бекири