Предлог-законот за амнестија не помина кај пратениците

0
35

Предлог-законот за амнестија поднесен од 10.069 избирачи кој предвидува целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик, денеска не доби поддршка од пратениците во Собранието на Република Македонија

Граѓанската активистка Мери Николова појасни дека амнестијата е иницирана поради потребата од заштита на човековите права во казнено-поправните домови во Македонија. Спроед неа, ефектот од новиот закон би бил 100.000 затворски денови помалку и смалување на трошоци од 120 милиони денари во Буџетот на Македонија.

Поддршка на иницијативата даде пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ и побара преку амандманска расправа да се дефинира кој се ќе се амнестира.

Орхан Ибраими од ДПА побара политичарите да ја спроведат амнестијата бидејќи, како што рече, од 2002 година до сега, затворањето го спроведува политичката класа и полицијата.

Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ рече дека потребата за амнестија во Македонија е побарана според условите во казнено-поправните домови, но, додаде дека СДСМ не поддржува целосна амнестија, односно нема да поддржи амнестија на педофили, убијци…

Според Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, политиката, односно пратениците не смеат да одмеруваат казни, како што рече, посебно не пред избори. Апелираше да се разговара за овие прашања, но, да не се даде поддршка на овој закон.