По медиската објава за режимскта хајка, Канал 77 експресно повикан на суд!

0
385

Два дена откако јавно објавивме дека на управителот на радиото Канал 77 му е досудена казна затвор од три месеци по казнен налог на Јавното обвинителство Штип, Основниот суд од Штип експересно го закажа судењето. Радио Канал 77 поднесе приговор, а ќе достави и вештачење од независен субјект, јавуваат од радиото.

Судењето е закажано за 4-ти февруари, 2016-та година. Да потсетиме, станува збор за случај во кој управителот на Канал 77 е осуден поради тоа што преку блокада на жиро сметка на фирма должник, се обиде да си го наплати долгот. Инаку, фирмата од Скопје, којашто е должник на Канал 77 е во блиски релации со владеачката партија. Нејзиниот основач е директно поврзан со провладините медиуми, па очигледно успева во тоа што го замислат, без никакви проблеми по вертикалата на извршната и судската власт, да се дојде до реализација.

Девет месеци работеше финансиската полиција, со повикување на распит на поранешни и сегашни вработени. Со еден казнен налог, управителот на националното радио Канал 77 е осуден на три месеци затвор за блокирање на фирма должник на радиото, блиска до власта и директно поврзана со провладините медиуми. За распитот на вработените, Канал 77 беше приднуден да ангажира адвокат.

При тоа, правосудните органи ниту побараа дополнителни докази ниту повика претставник на ТРД Канал 77 или пак управителот Горан Гаврилов.

Државата преку Финасиската полиција се вмеша во чист граѓанско – правен однос меѓу две компании, облигационен однос меѓу два субјекта, каде што државата не е оштетена на никаков начин. Ваквиот облигационен однос не е кривично дело и се решава во редовна граѓанска постапка.

Радио Канал 77 на оваа апсурдна ситуација, на закани со затвор на Управителот поради чист облигационен однос, го смета за директен напад и притисок врз медиумот и вработените, и секако ќе се браниме со правните средства најпрво со барање за иземање на судиката Јулијана Недкова, бидејки нашиот единствен начин е легалниот начин.

Во овие 24 години колку што постои Канал 77 сите власти се обидувале да го стават под контрола. На нашиот силен отпор му се враќаше од одлуки за одземање на лиценцата, со блокирање на сметката од страна на државни институции и општински власти, па се до физички напад врз управителот и куќен притвор врз основачот.

Резултатот од целиот процес ќе се види на 04.02.2016 во Основниот суд во Штип, се вели во објавата  нна Канал 77.