Почнува голготата на режимот: Специјалното обвинителство на Јанева од денеска почнува со работа

0
116

Тимот на специјалното обвинителство на чело со Катица Јанева од денеска треба да почне со работа.

Специјалната обвинителка Катица Јанева и избраните 12 помошници обвинители треба да ја истражуваат одговорноста за скандалот со прислушувањата, но и содржината на прислушуваните разговори.

Скопскиот Основен суд пресуди дека „бомбите“ не можат да се користат како доказ за истрагата на специјалната обвинителка.

Тимот на Јанева го сочинуваат: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, како и Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Јанева и нејзиниот тим ќе работат во просториите каде беше сместена просториите на Агенцијата за млади и спорт.