Почитувани Канајџани со македонско потекло шо не ве знам

0
596

Фејсбук статус на Златко Шумковски:

Им се восхитувам до имбецилоност на идејата, намерата и желанието да го викнете на т.н. Кумитска вечер, Миленко, корисникот на 600-и-кусур хектари пасишта за 60-на кози да ви држи часови од политички аспект за создавањето – најверојатно на Небото и Земјата како и за значењето на Хигисовиот бозон. Се надевам дека добро сте анализирале пред да повлечете таков потег ако сте сакале навистина да добиете одговор за вашите молитви за подобар живот на најмилите и најомразените роднини што ги оставивте во МКД.

Таа модерна дополонителна опрема што треба да ви го просветли умот таму, овдека кај паметните предизвикува само злобен презир и воопшто не е „афрозодијак“ од кој се добива целосна уметничка и политичка контрола. Ако мислевте дека нам заостанатите во МКД по живеење ќе ни направите љубомора – сте се зафркнале во пресметките.

Ве сметаме за љуѓе кои од икс причини сте заминале на гурбет таму за да ви се остварат амбициите поради зголемениот избор, а не дека таму сте научиле да се парфимирате со оцет зад уши кога одите недела пред црков (чрчот) да се видите меѓусебе и да му се помолите на Бога за развој на Вашата чудесна религиозна и церебрална убавина. И за субвенционирани странски инвестиции во МКД за плата од 150 долари месечно.

Но, поканата до политичкиот аналитичар со брада остава – жал ми е да кажам – впечаток дека имате или недобра перисталтика или раздразнет хипоталамус и оти рачката за туш ја сметате за најгенијален изум многу повеќе отколку лифтот кој се разбира, веќе не го викате: – Одајчето шо ојт горе-долу.

Се надеваме мие одовде дека тоа не е точно, и постои црв кој ни вели дека сепак, не сте завршиле школо во училиште за изгубени случаи и дека не се чудите зошто оперски печај продолжува да пее откако ќе пукаат во него.

8965905904543-670x773

Никогаш не помисливме дека откако се иселивте таму би се вратиле на едно еволутивно скалило над Парамециумот и оти омаловажувањето на крвототкот како пцовка, го заменивте со нешто поискрено и научно поткрепено.

Штета за вас ако само вашите деца по Кумиткста вечер и говорот на самопрогласениот титан помислат дека имале понижувачка процедура, а не будење на „македонската ДНК“ и еклиптичен скок до ориентот.

Ако сепак пасторалниот материјал од говорот ви предизвика желба да се преплатите на канадски Берберски журнал, тогаш не нарекувајте веќе никого – растресен шкембаст пудинг со перика од телешоп ниту тартуфа, кнедла или макало. Тогаш земете билет од Кенада ерлајнс и вратете се овдека за да уживаме заедно во благодетите на економската благосостојба и продавањето преку И-беј на псалми и молитви како и анализата за формирање македонска подземна гурманска мрежа.

Воедно, ќе уживаме заедно со експонирање на екстремитетите при градбата и резултатите од Паранормалното тркало во Скопје и палмите во Охрид.

===============================================

Сепак “комитите“ од Торонто ке останат без специјалниот гостин. Миленко вчера преку неговиот фб профил се пожали дека нема да може да ги почести со неговото присуство. Тврди дека не добил виза од Канадската амбасада, а за одивањето ја обвини Америка. Шоуменот смета дека Американците ги наговориле Канадските власти да не му дозволат влез во нивната земја.

Миленко Неделковски е осуден на казна затвор за измама на граѓани дека ќе им набави американски визи. Седум ипол месеци поминал во притвор.