Од ВМРО-ДПМНЕ се прават мутави, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

0
294

katica-janeva

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи.

– Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата. Драго ни е што таа смогна сили и што и покрај сè почна да ги работи предметите кои се во нејзина надлежност – вели Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека не е работа на партиите да ја коментираат работата на специјалната јавна обвинителка и затоа нема да имаат никаква реакција.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека предметите против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и случајот „Пуч“ се првите кои специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги побарала од Јавното обвинителство и за кои ќе почне истрааага.

Извор: Мета