НОВА : Тајно се печатат здравствени картички кои граѓаните ќе ги добијат предизборно?

0
339

26140golema

Електронските здравствени картички веќе се изработуваат во Македонија и тоа го прави фирмата Индицум ДОЕЛ од Скопје. Ова за НОВА го потврдија во хрватската фирма „АДК“ од Загреб, чија фирма ќерка е „Индициум“, но до граѓаните досега не стигнала ниту една е-картичка, инфрмира порталот Нова.

Од „АКД“ велат дека не станува збор за изработка на нови картички туку само за вметнување на лични податоци во залихите на картичките кои се во сопственост на Министерството за здравство.

„АКД“ е хрватската фирма која ги изработува електронските картички од самиот почеток, но ја прекина соработката, бидејќи Министерството за здравство не се придржувало кон договорот, односно не ги исплаќало редовно ратите.

(…)

Нова дознава дека 118.000 граѓани повеќе од една година чекаат да добијат е-картички и за нив имаат уплатено по 250 денари. Тоа е сума од околу 400.000 евра. Некои од граѓаните кои се јавија во редакцијата на НОВА, објаснија дека чекаат уште од самиот почеток од 2011 година.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ