Ни треба влада за национален спас

0
92

Господ ниту е технички министер во МВР, ниту обвинител или судија во конвенционална смисла, ниту може да го повикаме да сведочи на суд. Нему можеме само да му се молиме да ни даде сила да ги препознаеме лажните светци и спасители на Македонија, со кои сме опколени од сите страни. Не може да се смета за одговор ни изјавата „очекувам обвинителството да открие како тие телефонски разговори се нашле таму“.

Пред да каже обвинителството, од лидерот кој ја обелодени „Вистината за Македонија“ и претендираше таа да стигне до секој граѓанин за „тоа никогаш да не се повтори“, сега се очекува да ја каже и „Вистината за Заев“.Тој најдобро знае какви релации имал со еден од осомничените, дали и што разговарал со него, дали тоа било во рамките на вообичаени партиски активности или ја поминало црвената линија и преминало кон нешто што нема врска со легална и легитимна политичка битка, туку со активности спротивни на законите и правната држава, а за кои СДСМ цела година декларативно се залага.

Ако лидерот на СДСМ не сторил ништо спротивно на законите или на духот за фер политички практики, тоа лесно ќе може да го докаже пред надлежните институции. Но без оглед на институционалната постапка, тој мора веднаш јавно и со аргументи да им соопшти на граѓаните дали има негово учество во тој случај. Временскиот вакуум меѓу фазата на истрага и правната разврска е предолг период за да се остави јавноста без одговор на сите кредибилни прашања.

Ако, пак, лидерот на СДСМ, свесно или несвесно влегол во некаков сомнителен и ангажман, итно мора да си преземе одговорност за таа постапка, доколку е барем еден процент свесен за катастрофалните последици што ќе произлезат од овој случај. Дури и да е неспорен фактот дека тоа му го сместила власта, тоа не го амнестира од одговорност ако загазил во нелегални активност. Тоа значи дека немал капацитет да процени дека политичкиот противник ќе ги користи сите методи за да му се одмазди со „бомба“ за негова идентична компромитација, но и дека ги преценил своите можности ако мислел дека капиталот од „бомбите“ може да го надгради и со дополнителна „игра“, не очекувајќи дека на крајот може да се преигра, притоа газејќи врз сите декларативни заложби за правна држава.

Ако е во прашање второво, последиците би биле погубни за Македонија.

Прво, ако дозволил да стане епицентар на нова „бомба“, Заев лично ќе придонесе да се релативизира содржината на „бомбите“ што тој ги активираше пред нецела година. Лично тој ќе стане нивна најголема негација. Зарем малку беа автентичните гнасотии што ги изнаслушавме, за да мора да да се измислува нешто друго, а што преку правна разврска би го добило епитетот „креирано и монтирано“?

Второ, лично Заев ќе стане најголемиот инвеститор во експресното ребрендирање во врвен „демократ“ на оној кој до вчера СДСМ го етикетираше како „диктатор“.

Трето, ова би значело дефинитивно политичко самоубиство на Заев, но тоа е најмалиот проблем. Шрапнелите од тој чин длабоко ќе го погодат СДСМ и во очај ќе бидат фрлени илјадници чесни партиски членови кои на никаков начин ниту учестувале, ниту можеле да знаат за некаков скандалозен ангажман.

Четврто, она што е најстрашно, целосно ќе биде уништена секаква верба дека се можни какви било демократски промени во земјата, ако граѓанството се соочи со фактот дека и политичкиот субјект кој преку „бомбите“ се (само)прогласи за агенс на демократски промени, во излогот рекламирал реформи, но во магацинот складирал поинаква стока.

Петто, ако фолдерот со најдените телефонски разговори кај осомничениот датирал од септември, (значи по потпишувањето на Договорот од Пржино и враќањето на опозицијата во Собранието), како Заев на гарантите на Договорот ќе им објасни зошто започнатите преговори ги искомпромитирал на таков начин? Зошто им го трошел и времето и добрата волја на претставниците на меѓународната заедница за помош „за враќање на демократијата во Македонија“ ако зад сцената наводно дејствувал со поинакви методи?

Koлумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја ОВДЕ