Не случајно Париз е атакуван, ова е погодок во центарот на среќата

0
723

Не случајно Париз е атакуван. Ако се сеќавате, тоа се случува периодично и си има ритам, секој нареден атак е пострашен. Париз е пример за град во кој се интегрирани луѓе од сите страни на светот сите бои и вери, живеат едни со други, снимаат филмови, прават музика, уметност, живот, не се делени по ниту една основа. Спротивно од лажните спинови, парижани се исклучително добронамерни кон странците и секој си го наоѓа местото доколку има било каков талент или покаже познавање од било која област. Не знам дали овде замешала прсти високата политика, дали пак некој со некого заради нешто се договорил, но сега пак ќе завладее немир, пак ќе се обвинуваат едни со други, пак трети ќе бидат виновни, а вистинските виновници никогаш нема да бидат познати. Париз е космополитскиот град, најпознатиот град на светот, најтуристичкиот град на светот, ако немирот може да е рашири од некаде, тоа е Париз.

Кој град ако не Париз им боде очи на сите на кои смртта им е пред животот и на кои сопствениот живот ништо не им значи, па така ни туѓиот. Париз е пример за живот, парижани се пример за луѓе кои ја измислија уметноста на живеење. Ова е погодок во центарот на среќата за да се унесреќат не само тамошните луѓе туку сите луѓе кои со години се борат овој свет да стане подобро место за живеење.

Офелија Димковска – Фејсбук статус