НСДП: Груевски имаше еднодневна екскурзија во Вашингтон

0
211

Откако стана јасно дека Никола Груевски замина за САД на средба со потпретседателот Џо Бајден, по негово барање, а не по покана на САД, што го исклучува форматот на официјална посета на еден државник во Вашингтон, посетата не може да се протолкува како ништо друго освен како една средба наменета за пропагандна експлоатација од страна на режимските медиуми, со единствена цела замајување на јавноста со „геополитичките“ и „државнички“ капацитети на лидерот на ДПМНE во моменти кога треба да си поднесе оставка од премиерската функција и да го изгуби имунитетот како гаранција за можното кривично гонење, се вели во партиската реакција од НСДП.

Од партијата велат дека познато е дека желбата за појадок, ручек, вечера или сликање со првиот и вториот човек на САД, ги чини американските граѓани огромни суми на пари, тогаш само може само да се претпостави колку го чинело ГруЕвски оваа еднодневна екскурзија со „полупансион“ на Вашингтон.

„Овој „медиумски театар“, платен од џебот на граѓаните, само е индикација за паниката и стравот на Грувески во моментот кога пред него се исправени две опции – да се повлече од премиерската функција и без имунитет да биде изложен на кривично гонење за сите криманали кои беа обелоденети од прислушуваните разговори или крвичното гонење да го пречека на премиерската функција и да се впушти во подлабока злоупотреба на државните институции и пресметка за сочувување на својата делигитимирана и криминогена позиција на моќ“, се нагласува во соопштението.