НСДП: Бегалската криза се продлабочува, Македонија да побара брз прием во НАТО

0
335

Бегалската криза што ја зафати цела Европа, без сомнение ќе се продлабочи. Европскиот егоизам ќе ја доведе Република Македонија во многу тешка ситуација. Една мала и сиромашна Македонија нема никакво значење за моќните и богатите, и треба многу мудрост и храброст самата да се справи со големиот предизвик.

Најавата на стотици илјади бегалци со кои треба да се соочи Македонија е сериозна закана за нејзината безбедност и стабилност, особено во услови кога внатре, во државата веќе подолго време постои политички конфликт и нестабилност. Политичката елита што ја води државата не размислува за ништо друго освен како политички да преживеат и да не отидат во затвор, велат од НСДП.

„Во услови на намалена одбранбена моќ на државата, најсигурен гарант на безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет е НАТО како колективен систем на безбедност. По одлуката на Самитот на НАТО во Букурешт, од 2008 година, за приемот на Македонија во НАТО не е потребен посебен самит, туку само констатација од страна на амбасадорите при НАТО на земјите членки, се разбира по постигнат договор со Грција. НСДП смета дека оваа, каква-таква македонска власт, треба да побара брз прием на Македонија во НАТО, исто онака како што беа примени Романија и Бугарија, кои во се заостануваат зад Македонија. Политичкиот интерес на САД и Алијансата во тоа време беше единствениот услов за проширувањето на НАТО“, се наведува во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека ако Хан говори дека „затворањето на македонската граница кон Грција, може да биде проблем за решавањето на спорот со името“, зошто тогаш отворањето на македонските граници со Грција, не биде повод и услов за брзо решавање на спорот и брз прием на Македонија во НАТО?