НСДП: Ако се докаже изборен фалсификат на ВМРО-ДПМНЕ, да се забрани учеството на оваа партија на следните избори

0
566

Доколку се докаже изборниот фалсификат на ВМРО-ДПМНЕ и повредата на избирачкото право на граѓаните преку прислушуваните разговори на врвното раководство на партијата, покрај кривичната индивидуална одговорност, новата власт со закон треба да го забрани учеството на оваа партија на следните локални, парламентарни и претседателски избори, се наведува во партикото соопштение од НСДП.

„Досегашната узурпација на изборните процеси и поткопувањето на демократските темели на политичкиот систем ја наметнува потребата ВМРО-ДПМНЕ да биде отстранета од политичкиот живот за одреден период, што би било истовремено и пука за сите политички партии во иднина повеќе никогаш да не посегнат по изборен фалсификат и погазување на темелните демократски вредности. Заострувањето на изборната регулатива во оваа насока може само да биде позитивен импулс во зајакнувањето на легитимитетот на секоја идна власт и возобнувувањето на демократските капацитети на целиот политички систем.

Тезата што често пати се слуша во јавноста дека не треба да страда цела партија заради криминалот на партискиот врв, во случајот на ВМРО-ДПМНЕ е неодржливо, од проста причина што и по отварањето на сите афери, скандали, криминалии и насилства на водството на ВМРО-ДПМНЕ, голем дел од членството на партија на клиентилистички основи се солидаризира со раководството. Имајќи во предвид дека изброниот фалсифакт, како што може да се слушне од прислушуваните разговори, во себе инкопорирал цела мрежа од партиски војници, на кои им се делени фалсификат лични карти за да гласаат повеќе пати, само е дополнителен факт во корист на потребата од сносење и на колективна одговорност од страна на владејачката партија“ се вели во соопштението.

Од НСДП истакнуваат дека се гледа крајот на политичката кариера на Груевски колку и таа реалност да не ја прифаќа и како обичен селски интерес да очекува да се случи некое чудо кое може да го одложи неговото заминување од политиката.

„ Би било добро за македонската нација и македонската држава мнозинството членови на ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот крај на Груевски да го разберат не само како нов почеток за Македонија, туку и за нивната партија. Целата македонска јавност, колку и да го криеја медиумските трабанти, можеше да се увери во клиентиелизмот, алчноста, апашлакот и садистичкото изживување врз политичките противници на најтесното водство на партијата. Тој факт членовите и симпатизерите на партијата не смеат да го игнорираа. Нивниот криминал е лесно докажлив и кога ќе завршат сите постапки и процеси пред надлежните институции, ќе се уверат каква руина од партијата оставија зад себе партиските перјаници на ВМРО-ДПМНЕ. Неинволвираните членови на партијата во овој криминал од големи размери, врз основа на внатрешни реформи имаат вистинска шанса да ја спасат партија од бездната кон која ја влече Груевски и тие околу него“, порачуваат од НСДП.