НОВА: ЕУ и САД својот став за изборите ќе го соопштат во средината на февруари

0
228

Ставот на ЕУ и САД како покровители на договорот од Пржино во врска со тоа дали Македонија е подготвена или не за фер и демократски изборен процес на 24 април ќе биде познат во средината на февруари. До тогаш како што велат дипломатски извори за НОВА дипломатите од земјите членки на ЕУ и САД вклучени во процесот ќе ја направат анализата која треба да го даде одговорот на прашањето дали меѓународните фактори ќе дадат легитимитет на изборите закажани на 24 април како што одлучи Собранието.

Анализата која се изготвува во предвид ги има избирачкиот список, реформата во медиумската сфера како и заложбата на политичките лидери за одржување на демократски изборен процес. Она што сега е очигледно е дека има уште многу работа за да се исполнат сите критериуми по кои се изработува оваа анализа. Ставот кој ќе произлезе од оваа анализа во средината на февруари во однос на датумот за одржување на изборите дипломатските извори на НОВА веруваат дека ќе биде почитуван од потписниците на Пржинскиот договор. Тешко е да се претпостави велат дипломатските извори на НОВА дека Груевски би се одлучил да оди на избори кои нема да добијат меѓународен легитимитет бидејќи нему му се важни добрите односи како со ЕУ така и со САД.

Повеќе ОВДЕ