Македонската култура ја изеде МРАК: Откажана изложба поради исклучена струја

0
208

Поради неплатени сметки и исклучена струја во Националната галерија на Македонија, откажано е вечерашното отворање на изложбата на современа словенечка фотографија, организирана во рамките на манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, јави Телма.

Од Фото Сојузот на Македонија велат дека не им е пријатно што по една година подготовки, работите паднале во вода. Од Националната галерија нема официјален став, ниту пак од Министерството за култура, а од ЕВН велат дека до сега не добиле конкретен предлог за решавање на проблемот.

Дневната е единствена светлина со чија помош може да се видат закачените дела во Чифте амамот. Но на овие ѕидови денеска не можеа да се постават фотографии од 38 автори, кои од вечерва требаше да бидат на увид на нашата јавноста, низ изложбата „Современа словенечка фотографија“. Од Фото Сојузот на Македонија велат дека дел од авторите допатувале за отворањето, но настанот морале да го откажат поради исклучената електрична енергија во објектот.

Целата вест е ОВДЕ.