МЕГА СКАНДАЛ ВО ВЛАДАТА: Заменик министерот за финансии, Кире Наумов во интервју за Радио Слободна Европа откри дека Груевски и Ставревски ги уценувале приватните пензиски фондови

0
1944

Во интервју за Радио Слободна Европа, заменик министерот за финансии, Кире Наумов откри неверојатен мега скандал. Имено, Груевски и Ставревски ги уценувале приватните пензиски фондови да купуваат државни обврници и со тоа да ја кредитираат владата со тоа што фондот за пензиско не ги префрлал парите на сметките на приватните фондови, иако е должен тоа да го прави по автоматизам.

Медиумите пишуваа за проблемот со непрефрлањето на пари на приватните фондови од страна на државниот фонд, но до денеска не ја знаевме позадината на овој проблем. Сега се станува јасно!