МВР ќе ги испита тврдењата за лажни лични карти

0
305

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот со лажните лични карти. Така вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако неделникот „Фокус“ објави дека дошле до над сто вакви фалсификувани исправи, кои потоа им ги предале на надлежните, јавува Алсат М

– Според информациите кои ми ги дадоа на мене, има веројатно такви лични карти од повеќе градови низ Македонија и најсоодветно е да го работи одделот за Организиран криминал. Веднаш после тоа е известено јавното обвинителство на РМ при што е дадена наредба за вештачење. Вештачењето на хартијата, на буквите итн. за да се утврди дали навистина се фалсификат личните карти. Ако се фалсификат, кој тоа го направил итн. – вели Спасовски.

Новинарот Љубиша Арсиќ во својот настап за вечерашното издание на 360 степени, вели дека изворот кој му ги дал 105-те фалс лични карти тврдел дека постојат околу 30.000 вакви лажни документи.

Целиот текст е ОВДЕ.