Левица: Собравме 1.000 потписи! Ги поднесуваме документите за регистрација на суд!

0
169

Во понеделник, Левица ќе одржи прес конференција пред Основниот суд 2 по повод поднесувањето на документите за своја регистрација како политичка партија.

Досегашните политички партии намерно го направија тежок процесот на регистрирање нова партија со цел да спречат загрозување на своите позиции на моќ. Процесот особено е замислен да го отежни или оневозможи регистрирањето на нова партија за оние зад кои не стојат финансиски „спонзори“ од ваков или таков тип. Но, Иницијативниот одбор на Левица успеа! И покрај сите финансиски и административни бариери успеа да ги собере потребните 1.000 потписи и да ги комплетира сите документи потребни за регистрација.

На прес конференцијата Левица повторно ќе ја потврди својата заложба да се укине приложувањето на уверенија за државјанства за основачите како одвишен финансиски товар за граѓаните и заложбата за намалување на бројот на потребни потписи за регистрација на партија од 1.000 на 500, онака како што беше до 2004 година. Не сакаме, откако ние ги надминавме неразумните бариери во регистрацијата, да станеме исти како сите досегашни партии и да немаме слух за системските проблеми на македонската „демократија“ во оневозможувањето да се слушне гласот на народот.

Повеќе информации на јавноста ќе и’ бидат презентирани на самата прес конференција.