Камчев и Мијалков заедно за Нова година во Париз, па на крстарење по монденските места на Азурниот брег!

0
335

Екс шефот на тајната полиција, братучедот на премиерот Груевски, Сашо Мијалков, од 28 декември допатувал во Париз, каде ќе ги поминел новогодишните празници. Тој му се придружил на познатиот скопски бизнисмен и кумашин, Орце Камчев, кој исто така е во Париз заедно со сопругата.

Извор на „Либертас“ вели дека Камчев и Мијалков по дочекот на новата година во градот на светлината, планирале и кратко крстарење по монденските места на Азурниот брег.