Зошто интервјуто на Заев на Сител со Латас беше добро за соочување со вистината?

0
255

Како прво уште еднаш се покажа и докажа храброста на Заев да му се спротистави на режимот на телевизија што е една од најголемите нивни одработувачи (ако не и најголем). Сам, во нивна телевизија, пред цела македонска јавност. Со залудни обиди на зумирање со камерата да изнудат реакција на нервоза и бес, Заев не трепна. Влезе во битка која можеби не ја очекуваше да биде толку прљава, но се спротистави..се разбира кога имаше и добиваше шанса да дојде до збор.

Како второ, ова интервју е многу важно и преставува вистински доказ и увид од прва рака за меѓународната заедница да видат со какви медиуми располага Македонија, како тие се диктирани и дека тие треба да се реформираат под итно. Сител и Канал 5 со поканата на Заев во вестите преставуваше само лажна фарса и демонстрација дека сепак постојат реформи во медиумите, но Латас со неговиот денешен однос сето тоа го фрли во вода и им ја изгуби битката на ДПМНЕ за медиумите. Се виде и се докажа дека режимот располага само со навреди и манипулации за лична дискредитација за оној што најмногу им се спротиставил. До сега Заев едно 10 пати ќе го уапсеа ако имаше нешто што е спорно и незаконски против него и неговиот бизнис или неговото работење како градоначалник. И и она, „лажеш како Турчин“ не е ништо помалку од навреда кон едно големо малцинство што живее во Македонија, а исто така и кон голем број инвеститори од Турција што работат и помагаат за развој на Македонија.

И како трето и најважно, граѓаните што се уште се колебаат и се неопрделени ако до сега не видоа, сега можеа да бидат сведоци и да ја сфатат разликата меѓу режимот и човекот што се бори против него.

Ова интервју е доволен доказ за сите да видат во каква земја живееме, како се манипулира со неа, кој владее и како владее, а исто така и да видат кој застанал храбро и безкомпромисно да му се спротистави на тој голем змеј. Борба за слободна Македонија продолжува!

Влатко Васиљ
фејсбук статус