Заев: Утре ќе се соопшти тоа што сите го знаат, избори на 24 април не може да има

0
82

Избори на 24 април не може и нема да има зашто условите за фер и демократски избори не се исполнети, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со лидерот на Беса, Билал Касами. Според Заев, секој што нема да ги почитува фактите и аргументите, а имa обврска за тоа, ќе биде обележан дека ја турка Македонија кон поголема политичка криза, која воопшто не ѝ треба.

– Сакам да го видам тој од ДИК што ќе потпише прочистен избирачки список пред 5 март, како што е по закон, сакам да го видам и тој, па и амбасадор што ќе соопшти дека може да се прочисти избирачкиот список затоа што пред фактите и боговите молчат. Апсолутно е јасно дека утре ќе се соопшти тоа што сите го знаат, дека нема ниту елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во Македонија – изјави Заев.

На новинарско прашање што доколку власта не се откаже од изборите во април, лидерот на СДСМ вели дека 24 април не е опција за учество на изборите на сите опозициски партии, но и на дел од партиите што го крепеа владејачкото мнозинство.

-Тоа нема да си го дозволат ниту Груевски, ниту Ахмети од едноставна причина што тоа ги носи во еднонасочен правец на слепа улица, но секако јасно им е дека опозицијата нема да ги гледа едностраните избори на телевизија – рече Заев.

Мета