ЗЛАТНА БУБА МАРА СИ ДОБИЈАА И ,,ТОМАТО” ПРОДУКЦИЈА, ПРОДУКЦИЈАТА КОЈА ГИ ПРАВИ ЕМИСИИТЕ НА МИЛЕНКО И КОЈ ЛАПААТ ПАРИ ОД СНИМАЊЕ НА МИТИНЗИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
1206
На овогодинешното доделување на наградата златна Буба Мара очигледно е дека единствени светли точки таму беа актерот Сашко Коцев и шоуменот а воедно и актер Игор Џамбазов кој со своите настапи ги воодушевија присутните. Но се ќе беше во ред доколку златна Буба Мара не добива и ,,Томато” Продукција.
Во еден од разговорите на политичките бомби од Заев газдата на Канал 5, Емил Стојменов и директорот на ДБК, Сашо Мијалков спомнуваат две имиња, Бане и Ирена кои веднаш по победата на ВМРО-ДПМНЕ поминале во партијата за да слават со него и со Грујо.

,,Томато” Продукција на Бане и Ирена е продукциската куќа која ја прави емисијата на Миленко и која ги снима сите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и за тоа користи најсовремени кранови, камери, огромен тим на луѓе кои чинат стотици илјади евра.

За возврат, Бане и Ирена ги добиваат за правење речиси сите владини реклами и наплаќат од владата стотици илјади евра за изработка на тие спотови. Во овие 9 години власт на ДПМНЕ, Томато има заработено сигурно околу еден милион евра! Тие ги правеа и десетина од 20-те емисии за циклусот документарци 20 години независност на Македонија. За тоа добија над 200 000 евра од владата!

Деновиве Бане и Ирена можат да бидат забележани низ Скопје како се возат во најнов Мерцедес S класа вреден над 50 000 евра! Tие очигледно одлично заработуиваат од оваа спрега на релација Влада – Канал 5 – ВМРО-ДПМНЕ.