ЗАЕВ ЗА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ Лажните патриоти Груевски и Мијалков преговарале за името со Маноли

0
227

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се соочуваат со страв од заминување од власта и нервозата кај нив е голема. Во медиумите под нивна контрола имаат не само свои послушници, туку и свои соучесници. Треба со некои од нив заедно да понесат одговорност за криминалното владеење и да дадат сметка пред граѓаните. Затоа, свесни сме, допрва ќе се изнагледаме мрачни, црни кампањи. Но, тоа не е од пред еден месец. ВМРО-ДПМНЕ години наназад води перманентна медиумска хајка не само против првите луѓе на СДСМ туку и против сите слободни граѓани што сакаат да зборуваат за вистината. Секогаш тие медиумски хајки се полни само со лаги и измислици, кои немаат никаква врска со реалноста. Сега нервозата расте, а со тоа расте и стравот кај власта“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Слободен печат“.

– Еве и деновиве сте сведоци на една нарачана, мрачна, гнасна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, со која сакаат да ја втурнат Македонија во една црна дупка на постојани конфликти и поделби меѓу граѓаните. За оваа кампања СДСМ ќе преземе одредени законски чекори, но она што е важно е дека целта на власта е прочитана од граѓаните и однапред е осудена на неуспех. Прво, затоа што сите граѓани во Македонија знаат за лажниот, виртуелен патриотизам на Никола Груевски. Проектот „Вистината за Македонија“ покажа дека лажниот патриот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков тајно се пазареле и преговарале за промена на името на државата со контроверзниот грчки бизнисмен Маноли. Второ, не може со црни и мрачни кампањи да се намали волјата на граѓаните за промени и нивната желба за подобар живот. Црните кампањи нема да ги наполнат празните фрижидери и празните џебови на граѓаните. Сите граѓани во Македонија се обединети околу една идеја: збогум на криминалот и корупцијата! Тука ниту една црна кампања на премиерот во заминување не може да му помогне. Македонија бара промени и тие промени ќе се случат на 24 април – вели Заев.