Жерновски во посета на Домот за стари лица „Мајка Тереза“

0
1367

Градоначалникот, општина Центар, Андреј Жерновски и годинава ги посети сограѓаните сместени во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

„Вие сте оние кои што сите ние треба да ги чуваме и да се грижиме за Вас, бидејќи ако не бевте Вие, нема да го имате сето она што го имаме и немаше да бидеме она што сме. Ви посакувам многу среќа и да се видиме во ист број и наредната година“, рече Жерновски.

Poseta-na-Dom-za-stari-lica-Majka-Tereza-4

Децата од центарската градинка „13-ти Ноември“ ги израдуваа и забавуваа бабите и дедовците со пригодна новогодишна програма.

Градоначалникот Жерновски од децата доби честитка, а лицата од домот – пригодни подароци.

Poseta-na-Dom-za-stari-lica-Majka-Tereza-2 Poseta-na-Dom-za-stari-lica-Majka-Tereza-1