Жерновски: Со кој боксерски удар паѓаат 47 дрвја за една ноќ?

0
303

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски реагира на ноќешното сечење на 47 дрвја во Универзитетскиот комплекс.

Еве што напиша тој:

andrejpost

„Они сечат, НИЕ САДИМЕ

Сечата на 47 дрвја во автономниот кампус на УКИМ, во 2 часот по полноќ, без одлука на Сенатот на универзитетот и против јасната волја на студентите, е врвот на едно самоволие.

Ме интересира, со кој боксерски удар паѓаат речиси 50 дрва за една ноќ? Може ли тој, со својот уличен речник, да објасни како е ова оправдано?

Додека „неговиот народ“ е длабоко загрижен за сосотојбата со загадувањето, додека во Македонија умираат по 1000 луѓе годишно заради лошиот квалитет на воздухот, тој реши да исече 47 дрва за да направи барокен факултет за иноформатички науки! Во сабота, додека сите граѓани мора да се на работа за да го одработат, каква ли иронија, „Денот на дрвото“!

Не е ни чудо што тој се исмева со новите “паркчиња“ во Центар. За него, зеленилото нема значење, нема пари таму.

Не разбира дека во градовите, секоја педа зеленило е важна. Дека во градовите „малите паркчиња“ се всушност од големо значење.

Затоа, ние ќе продолжиме со раззеленување и со правењето на нови паркчиња. Денес и утре садиме 90 нови дрвја и 2800 грмушки на новото плоштатче на “Партизанска”, како и во паркот кај Градскиот Sид, позади “Домот на градежниците”. Ситница за него, но не и за нашите граѓани.