Ердоган тотално одлепил: Нацистичка Германија е пример за ефикасен претседателски систем

0
176

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како пример за ефикасен претсдателски систем ја навел нацистичка Германија, пренесува Ројтерс.

Ердоган се обидува да го смени турскиот устав за церемонијалната улога на претседателот да прерасне во извршна или во верзија на системот кој постои во САД, Франција и Русија.

На новинарско прашање поставено по неговото враќање од Саудиска Арабија дали е можен извршен претседател систем и притоа да се одржи унитарната структура на државата, Ердоган одговорил дека веќе постојат примери во светот и дека тоа можело да се види кај Хитлерова Германија.

„Постојат и понови примери во разни други земји“, им изјавил Ердоган на новинарите.

Владејачката Партија на правдата и развојот, чиј основач е Ердоган, го постави прашањето за измена на уставот пред парламентот откако партијата освои мнозинство на изборите одржани во ноември.