Еве ги законските измени кои СДСМ ги предлага за електронските медиуми!

0
36

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И AУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

Член 1

Во Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014 и 132/2014), членот 4 став (7) се менува и гласи:

(7) Работењето на Агенцијата се финансира од средствата обезбедени од Буџетот на РМ, од приходите од надоместоците предвидени со овој закон, како и од заеми и друга финансиска и техничка помош.

Член 2

Во членот 12 став (3) се брише.

Став (4) станува став (3) и гласи:

(3) Членовите на Советот се професионално ангажирани во Агенцијата со полно работно време со право на:
месечен надоместок во висина до четири просечни месечни плати во Република Македонија според податоците објавени од Државниот завод за статистика, согласно со Деловникот за работа на Агенцијата,

– надоместок за патни трошоци на оние членови на Советот кои живеат надвор од Скопје кога присуствуваат на седниците на Советот и

– надоместок за патни трошоци, сместување и дневници за службено патување согласно со Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

Ставовите (5), (6), (7) и (8), стануваат ставови (4), (5), (6) и (7).

Член 3

Членот 14 се менува и гласи:

Именување на членови на Советот

(1) Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Советот врз основа на претходно спроведен јавен конкурс и организирана јавна расправа за кандидатите за членови на Советот.

(2) Собранието на Република Македонија објавува јавен конкурс на кој можат да се пријават кандидати за членови на Советот, најдоцна шест месеци пред истекот на мандатот на член на Советот.

(3) Кандидатите за членови на Советот кои учествуваат на јавниот конкурс се должни да достават апликација во која детално го наведуваат своето работно искуство и достигнувања во областа за која се стручни, изјава за тоа дека ги исполнуваат условите утврдени во членот 16 од овој закон.

(4) Овластени предлагачи на членови на Советот се:

– две невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член,

– ЗНМ и МАН предлагаат по еден член,

– Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници предлага еден член,

– две високо-образовни установи кои имаат студиски програми од областа на комуникологијата, новинарството, културата, економијата, правото или друга слична област што е од значење за остварувањето на надлежностите на Советот предлагаат по еден член.

– Овластените предлагачи од овој член, до Комисијата за прашањата на изборите и именувањата се должни да предложат по најмалку двајца кандидати за секое место член на Советот на Агенцијата.

(5) Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е должна да провери дали кандидатите кои се пријавиле на конкурсот ги исполнуваат условите и правилата за конфликт на интерес утврдени во член 16 од овој Закон и организира јавна расправа за предложените кандидати на која ќе ги покани овластените предлагачи, други медиумски и професионални новинарски организации, невладини организации од медиумската сфера и други релевантни субјекти.

(6) По завршувањето на јавната расправа, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ја составува предлог-листата на кандидати за членови на Советот. Конечната предлог-листа на кандидати за членови на Советот, Комисијата ја доставува до Собранието.

(7) При утврдувањето на предлогот на кандидати за членови на Советот, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните на сите заедници кои живеат во Република Македонија.

(8) Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Советот со двотретинско мнозинство.

(9) Собранието на Република Македонија најдоцна еден месец пред истекот на мандатот на член на Советот, треба да именува нов член на Советот.

(10) Претседателот на Советот е должен да го извести Собранието на Република Македонија за истекот на мандатот на член на Советот не подоцна од шест месеци пред истекот на истиот.

Член 4

Членот 15 се менува и гласи:

Мандат на членовите на Советот

(1) Членовите на Советот се именуваат за време од пет години.

(2) Членовите на Советот имаат право само на уште еден мандат.

(3) Во случај кога член на Советот ќе поднесе оставка или мандатот ќе му престане пред истекот на времето за кое е именуван, Собранието на Република Македонија ќе именува нов член на Советот врз основа на истата постапка утврдена во членот 14 од овој Закон.

(4) Советот може да работи доколку се именувани најмалку пет члена на Советот.

Член 5

Во членот 16, во ставот (1) бројот 5 се аменува со бројот 8.

Ставот 3 се брише.

Член 6

Во членот 18 се додаваат три нови алинеји и гласат:

– донесува одлуки за преземање мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите,

– донесува одлуки за преземање за мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија,

– води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција, преку Комисијата за одлучување по прекршок, во согласност со закон,

Член 7

Во членот 19 ставот (1) се менува и гласи:

(1) Советот избира директор на Агенцијата по пат на јавен конкурс. Кандидатот мора да биде со високо образование и работно искуство над осум години во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото, како и искуство во раководење со оганизација од најмалку 3 години.

Член 8

Во членот 20 став (1), алинејите:

– презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите,
– предлага мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија,

се бришат.

Ставот (3) се менува и гласи:

(3)Мандатот на директорот е пет години, со право на избор на уште еден мандат.

Член 9

Членот 23 се менува и гласи:

Мерки во случај на повреда на прописите

(1) Доколку се констатира непочитување на одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз основа на него, како и на условите и обврските утврдени со дозволата и другите акти на Агенцијата, против издавач на медиум, давателот на аудиовизуелни услуги по барање или операторот на јавни електронски комуникациски мрежи кои врши реемитување на програмски сервиси, Советот на Агенцијата самостојно илина предлог на директорот, ги презема следниве мерки:

– ќе донесе решение со кое ќе го опомене и ќе побара од издавачот на медиумот во писмена форма да се изјасни за стореното прекршување,

– ќе поведе прекршочна постапка во случај кога и покрај донесеното решение за опомена и можноста да се изјасни односно да го корегира прекршувањето, продолжува со вршење на истата повреда за која е опоменет, во текот на годината,

– ќе изрече времена забрана за рекламирање или телешопинг до 7 дена,

– ќе ја одземе дозволата или

– ќе донесе решение за бришење од регистарот согласно со овој закон.

(2) Со исклучок на одредбата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, за непочитување на одредбите од членот 91, Советот на Агенцијата ќе поведе прекршочна постапка без претходно да донесе решение за опомена.

(3) Преземените мерки од ставот (1) и ставот (2) на овој член со детално образложение, Агенцијата ги објавува на својата веб страница во рок од три дена од преземената мерка.

Член 10

Во членот 30 ставот (1) се менува и гласи:

1) Стручен надзор се врши на радиодифузери од страна на лица вработени во стручната служба на Агенцијата овластени за тоа од Советот на Агенцијата, а само заради утврдување на исполнувањето на техничките услови во согласност со барањето за добивање на дозвола за телевизиско или радио емитување.

Член 11

После членот 62, се додаваат два нови члена 62-а и 62-б, кои гласат:

Член 62-а

Политички плурализам во вестите и дневно-информативните програми

(1) Радиодифузерите кои емитуваат вести и дневно-информативни програми се должни во нив да обезбедат непристрасно, правично и избалансирано претставување на различните политички и идеолошки гледишта.

(2) При известувањето за прашањата кои се предмет на дебата меѓу политичките субјекти или пошироко во општеството во вестите и дневно-информативните програми мора да им се даде адекватна тежина на што повеќе различни и/или спротивставени гледишта, како во секое поединечно издание така и во низа последователни изданија на вестите.

(3) Во вестите и дневно-информативните програми не смее прекумерно да се нагласуваат гледиштата и мислењата на една конкретна личност, институција или организација.

(4) Прекумерно нагласување на едно конкретно гледиште значи дека тоа гледиште е временски значително повеќе застапено во вестите отколку другите гледишта за тоа исто прашање и дека новинарскиот пристап во презентирањето на тоа гледиште е фаворизирачки.

(5) Презентерите на вести и новинарите, во вестите и дневно-информативните програми не смеат да изразуваат нивни лични гледишта.

(6) Гледиштата и фактите не смеат да бидат погрешно претставени.

Член 62-б

Политички плурализам во дебатните, актуелно-информативните
и контактните програми

(1) Во дебатните, актуелно-информативните и контактните програми мора адекватно да бидат претставени сите различни гледишта за темата која е предмет на програмата.

(2) Презентерите и водителите на дебатните, актуелно-информативните и контактните програми можат да искажат сопствено мислење за прашањата за кои дебатираат, но не смеат да фаворизираат едно одредено гледиште, односно да ги исклучуваат другите алтернативни гледишта за темата која е предмет на дискусија во програмата.

(3) Гледиштата и фактите во дебатните емисии не смеат да бидат погрешно претставени.

Член 12

Членовите 92, 92-а, 92-б, 92-в, 92-г, 92-д, 92-ѓ, 92-е, 92-ж, 92-з, 92-s, 92-и, се бришат.

Член 13

Членовите 102 и 103 се бришат.

Член 14

Членот 105 се менува и гласи:

Финансирање на МРТ

(1) МРТ се финансира од средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија во висина од 0.7 % од Буџетот во тековната година. Износот се распоредува на 12 еднакви месечни рати. Министерството за финансии е должно најдоцна до 15 (петнаесетиот) ден од тековниот месец, да ја исплати ратата на посебна буџетска сметка на МРТ. 0,1% од овој Буџет се користи за финансирање на ЈП Македонска Радиодифузија, а 0,1% за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

(2) Дополнителен извор на средства на МРТ се и средствата остварени од донации, продажба на програма и услуги.

(3) Донациите од ставот (1) на овој член не смеат да влијаат или да ја нарушат уредувачката независност на МРТ.

(4) МРТ е должна за набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини да склучи посебен договор со обезбедувачот на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини.

(5) Начинот и постапката на спроведување на јавни конкурси, начинот и постапката за набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини и склучување на договорите се утврдува со акт донесен од директорот на МРТ кој треба да обезбеди транспарентност, економичност, ефикасност и ефективност во управувањето на финансиските средства на МРТ, согласно со годишната програма за работа на МРТ за наредната година, овој закон и актите кои произлегуваат од него.

(6) За постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко- технолошкиот развој на јавниот радиодифузен сервис можат да се издвојуваат и дополнителни средства и од Буџетот на Република Македонија за таа намена.

(7) Доколку МРТ не ги потроши сите обезбедени средства од Буџетот на РМ во текот на годината, вишокот средства итврдени согласно годишниот финансискиот извештај се враќа во Буџетот на РМ.

Член 15

Членот 106 се менува и гласи:

Годишен извештај и годишна програма за работа на МРТ

(1) МРТ е должна на секои пет години да донесе стратегија за развој за наредните пет години која содржи и годишни планови за имплементација, што се ревидираат секоја година врз основа на анализа на спроведувањето на стратегијата.

(2) МРТ донесува Годишната програма за работа за наредната година МРТкоја е должна да ја достави до Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 октомври во тековната година и истата особено треба да содржи:

– програма за работа за наредната година со планирани активности особено за исполнување на програмските обврски на МРТ согласно со овој закон и

– финансиски план за нaредната година кој ги содржи планираните приходи и расходи на МРТ за наредната година групирани по структура и по организацона структура на МРТ, како и предвидените капитални инвестиции на МРТ за наредната година.

(3) Во прилог на годишната програма за работа на МРТ за наредната година се доставува и усвоената годишна програма за работа на МРТ за тековната година.

(4) Финансискиот план од ставот (2) алинеја 2 на овој член го одобрува Собранието на Република Македонија најдоцна до 31 декември во тековната година.

(5) МРТ е должна да донесе Ггодишениот извештај за работа за претходната година МРТ кој е должна да го достави до Собранието на Република Македонија на разгледување најдоцна до 31 март во тековната година и истиот особено треба да содржи:

– извештај за реализација на програмата за работа од претходната година,

– финансиски извештај за реализација на финансискиот план од претходната година и годишна сметка, со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски од претходната година групирани по структура и по организацона структура на МРТ и

– ревизорски извештај од независен меѓународен овластен ревизор и ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, доколку е извршена ревизија од него, како и ставот на МРТ во однос на резултатите од извршената ревизија.

(6) Во прилог на годишниот извештај за работа на МРТ за претходната година седоставува и усвоената годишна програма за работа на МРТ за претходната година.

(7) Годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година се објавуваат на веб страницата на МРТ.

(8) Собранието на РМ е должно да организира јавна расправа за Годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година.

Член 17

Во членот 107 ставот (7) се менува и гласи:

(7) Уредувачката одговорност за Собранискиот канал од ставот (6) на овој член ја има МРТ, а програмската шема на Собранискиот канал се усогласува во соработка со Собранието на Република Македонија.

Член 18

Членот 117 се менува и гласи:

Овластени предлагачи на членови на Програмскиот совет на МРТ

(1) Членовите на Програмскиот совет на МРТ ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија врз основа на претходно спроведен јавен конкурс и организирана јавна расправа за кандидатите за членови на Програмскиот совет.

(2) Кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ треба да бидат државјани на Република Македонија со високо образование, да имаат работно искуство од најмалку 8 години и да се истакнати лица кои во јавниот живот се познати по својата заложба за почитување на демократските вредности и начела, владеење на правото, градење и подигнување на највисоките вредности на уставниот поредок во Република Македонија, развојот на граѓанското општество, заштита на човековите права и слободи, како и слободата на изразување.

(3) Кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ кои учествуваат на јавниот конкурс се должни да достават апликација во која детално го наведуваат своето работно искуство и достигнувања во областа во која се истакнале, изјава за тоа дека ги исполнуваат условите утврдени во членот 117 став и член 119 од овој закон.

(4) Овластени предлагачи на членови на Програмскиот Совет се:

– три невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член;

– ЗНМ и МАН предлагаат по двајца членови;

– две здруженија од областа на културата (здруженија на ликовни уметници, писатели, филмски работници и сл.) предлагаат по еден член;

– две високо-образовна установи кои имаат студиски програми од областа на комуникологијата, новинарството, културата, економијата, правото или друга слична област што е од значење за програмските функции на МРТ предлагаат по еден член;

– МАНУ предлага еден член и

– Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници предлага еден член.

(4) Секој овластен предлагач предлага по најмалку двајца кандидати. Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е должна да провери дали кандидатите кои се пријавиле на конкурсот ги исполнуваат условите и правилата за конфликт на интерес утврдени во член 119 од овој Закон и организира јавна расправа за предложените кандидати на која ќе ги покани овластените предлагачи, други медиумски и професионални новинарски организации, невладини организации од медиумската сфера и други релевантни субјекти.

(5) По завршувањето на јавната расправа, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ја составува предлог-листата на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ. За конечната предлог-листа на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ Комисијата одлучува со двотретинско мнозинство.

Член 19

Членот 118 се менува и гласи:

Именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

(1) При утврдувањето на предлогот на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ, Комисија за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните на сите заедници кои живеат во Република Македонија.

(2) Мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години со право на избор на уште еден мандат.

(3) Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Програмскиот совет на МРТ со двотретинско мнозинство.

(4) Во случај кога член на Програмскиот совет на МРТ ќе поднесе оставка или мандатот ќе му престане пред истекот на времето за кое е именуван, Собранието на Република Македонија ќе именува нов член врз основа на истата постапка утврдена во членот 117 од овој Закон.

(5) Собранието на Република Македонија најдоцна 15 дена пред истекот на мандатот на Програмскиот совет на МРТ ќе ги именува новите членови на Програмскиот совет на МРТ.

(6) Програмскиот совет на МРТ може да работи доколку се именувани најмалку девет члена.

Член 20

Во член 130 ставот (4) се менува и гласи:
(4) Директорот и заменикот на директорот на МРТ, покрај условите од ставот (3) на овој член треба да имаат и високо образование, работно искуство над осум години вообласта на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото, како и искуство со раководење организација од најмалку 3 години.

Член 21

Глава VII. Радиодифузна такса, се брише.

Член 22

Членовите 145 и 146, се бришат.

Член 23

Во член 147 во ставот (1), зборовите ,, од 10.000,, се бришат.

Во ставот (1) после алинеја (9) се додаваат нови алинеји (10), (11), (12), (20) и (21) и гласат:

10) емитува програми со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност (член 48 став (1));

11) не ги почитува начелата од член 61 од овој закон;

12) постапува спротивно на членовите 62-а и 62-б од овој закон;

21) не постапува согласно обврските од член 110 од овој закон;

22) не ги почитува стандардите и начелата утврдени во член 111 од овој закон.

Во ставот (2) зборовите ,, од 1.000,, се бришат.

Во ставот (3) зборовите ,, од 1.000,, се бришат.

Член 24

Во членот 148 во став 1 зборовите ,, од 5.000,, се брише.

Член 25

После членот 150, се додаваат два нови члена 150-а и 150-б, кои гласат:

Член 150-а

Постапки пред Прекршочниот орган

(1) За прекршоците утврдени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Советот на Агенцијата (во натамошниот текст: Прекршочен орган).

(2) Прекршочна постапка пред Прекршочниот орган се поведува по службена должност, по барање на директорот на Агенцијата или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење на прекршок.

(1) Прекршочната постапка од ставот 1 на овој член ја води Комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: Прекршочна комисија) формирана од страна на Прекршочниот орган.

(2) Прекршочната комисија е составена од два члена и претседател на Комисијата.

(3) Членовите на Прекршочната комисија задолжително треба да имаат високо образование и работно искуство од најмалку 5 години во струката.

(4) Претседателот на Комисијата задолжително треба да биде дипломиран правник со положен правосуден испит и искуство во струката од најмалку пет години по положувањето на правосудниот испит.

(5) Мандатот на членовите на Прекршочната комисија е со времетраење од три години со право наповторен избор.

(6) Покрај членовите на Прекршочната комисија, Прекршочниот орган може да определисекретар на Прекршочната комисија кој врши административни работи за Комисијата и заменици членови, кои по исклучок, учествуваат во работата на Прекршочната комисија вослучај на отсуство на некој од членовите.

(7) Прекршочниот орган донесува деловник за својата работа.

(8) Решенијата на Прекршочниот орган се конечни. Против таквите решенија може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд.

(9) Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 8 дена од денот на приемот на решението и истата не го одлага извршувањето на решението.

Член 150-б

(1) Член на Прекршочната комисија може да се разреши:

1) со истекот на времето за кое е именуван;

2) по негово барање;

3) со исполнување на условите за старосна пензија согласно со законот;

4) ако биде осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор
од најмалку шест месеца;

5) ако му се утврди трајна неспособност;

6) ако се утврди прекршување на прописите за водење на прекршочната постапка со правосилна
одлука;

7) ако не ги исполнува обврските кои произлегуваат од работењето во Прекршочната комисија
и

8) ако не пријавил постоење на конфликт на интереси за случај за кој решава Прекршочната
комисија.

(2) Предлог за разрешување на член на Комисијата за случаите од ставот 1 точки од 3 до 8 на овојчлен поднесува претседателот на Прекршочната комисија до Прекршочниот орган.

(3) Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни заутврдување на прекршокот, како и да врши други работи и презема дејствија утврдени со овојзакон, Законот за прекршоците и/или со друг закон.

(4) Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на Прекршочнатакомисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и самостојно убедување.

(5) Прекршочната комисија работи во совет, а одлучува со мнозинство гласови од вкупниот бројчленови.

(6) Прекршочната комисија води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции идонесените одлуки на начин пропишан од Прекршочниот орган.

(7) Со актот од ставот 6 на овој член се пропишува и начинот на пристап до информации кои сесодржани во евиденцијата.

(8) Одмерувањето на висината на глобата за правно лице се врши согласно Законот за прекршоците.

Член 25

Овластените предлагачи ги доставуваат до Собранието на РМ предлозите за кандидатите за избор во рок од 7 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Собранието ги спроведува сите активности за избор на кандидатите во рок од 3 дена од денот на доставувањето на предлозите од страна на овластените предлагачи.

Советот на Агенцијата и Програмскиот совет на МРТ, го избираат директорот на Агенцијата, односно директорот и заменик директорот на МРТ во рок од 5 дена од денот на нивниот избор.

Со изборот на членовите на Советот и директорот на Агенцијата, како и членовите на Програмскиот совет и директорот и заменик на директорот на МРТ согласно овој закон, престанува мандатот на постојните членови на Советот и директорот на Агенцијата, како и на членовите на Програмскиот совет на МРТ и директорот и заменик директорот на МРТ, по сила на овој закон.

Од денот на влегувањето во сила на овој закон, радиодифузерите и печатените медиумине смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.

Член 26

Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на РепубликаМакедонија”

СПОДЕЛИ