ЕДИНСТВЕНИТЕ ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА

0
474
Tribal fighters look on as they take part in an intensive security deployment against Islamic State militants in the town of Amriyat al-Falluja,in Anbar province, October 31, 2014. Picture taken October 31, 2014. REUTERS/ Stringer (IRAQ - Tags: CIVIL UNREST MILITARY) - RTR4CHLS

Ирачкото племе „Албу Нимр‟ (во превод: „Тигрово семејство‟) упорно се бори против Исламската држава, исто како што пред десет години се бореше против Ал Каеда.

Поради тоа, припадниците на племето и нивните семејства често се на удар на исламистите кои ги убиваат без милост. „ИСИС ги убива Албу Нимр бидејќи тоа племе од 2000 година до 2006 ги убиваше припадниците на Ал Каеда‟, рече Бауд.

Tribal fighters look on as they take part in an intensive security deployment against Islamic State militants in the town of Amriyat al-Falluja,in Anbar province, October 31, 2014. Picture taken October 31, 2014.  REUTERS/ Stringer (IRAQ - Tags: CIVIL UNREST MILITARY) - RTR4CHLS

Групата позната како Ал Каеда во Ирак речиси е разбиена во 2010 година, но во последните десет години повторно е воспоставена како т.н. Исламска држава, „а Албу Нимр денес ги убива ИСИС‟, рече еден од старешините на племето, Шеик Наим ал Гауд. „Ние бевме прво племе кое ги убиваше. Многу други племиња исто така се бореа против нив, но ние бевме први‟, истакна тој.

Наспроти поплаките на сунитското племе дека им недостасува воена поддршка од владата на ирачкиот премиер Хајдер ал Абадаџи кој го водат шиитите, Албу Нимр е едно од малубројните племиња во провинцијата Анбар кое упорно пружаше отпор на исламистите, чин на инает кој скапо ги чинеше.

Во есента 2014 година, Исламската држава убила над 500 припадници на ова племе. 200 тела биле најдени во масовна гробница кај градот Хит.

Поранешни партнери на Садам Хусеин

Племето Албу Нимр е дел од поголемото племе Дулаим, своевремено незгодни партнери на режимот на Садам Хусеин, а дел од нив припадници на војската. Меѓутоа, во 1995 година организирале протести против него, откако еден генерал, припадник на тоа племе и уште неколку офицери биле убиени бидејќи го критикувале најстариот син на Хусеин, Удај.

По инвазијата на Ирак која ја предводеше САД и по падот на Садам Хусеин од власта, се отвори пат за ширење на AQI – Албу Нимр и Дулаим станаа американски сојузници во рамки на проектот „Сахва‟ (Будење на Анбар). Сунитите и поранешните прорежимски елементи во Анбар се обединија со американските сили да го победат AQI. И пред тој сојуз, уште во 2004 година, племето Албу Нимр бараше соработка со Америка, бидејќи AQI го доживуваше како закана на племенскиот поредок во Анбар.

Анбар, по површина најголема провинција во Ирак, денес е упориште на Исламската држава, во која доминираат сунитите, а се граничи со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија. Неговите долги, пропустливи граници, кои ИСИС сакаше целосно да ги избрише, го олеснија доаѓањето на странски борци и оружјето во Ирак во текот на американската окупација.

Племиња кои не ја сакаат ИСИС

Племињата во „Будење на Анбар‟ често беа гневни на новата шиитска влада во Багдад, но и во AQI видоа непосредна закана на нивните племенски заедници.

„Основниот проблем со кој во овој момент се соочени сите племиња во Анбар, објаснува Стивен Бидл, проф. на Факултетот за меѓународни односи Елиот на Универзитетот Џорџ Вашингтон, е во тоа што локалниот огранок на Ал Каеда го доживеаја како узурпатор на традиционалните племенски овластувања и ентитетот кој ќе ги преземе традиционалните шверцерски рути, кои племињата ги користеле за воспоставување на мрежа на односи кои ја чинат суштината на племенската политика… Ова не бил благороден чин во корист на некои веќе посложени владини филозофии‟, смета тој.

„Било да станува збор за племето Албу Нимр во 2004 или за други племиња кон крајот на 2006 година, тие се ангажирале мотивирани од сопствените интереси‟.

Иако многу племиња денес во Анбар веројатно негуваат извесен анимозитет кон Исламската држава, во недостиг на непосредна американска поддршка, каква што имаа во 2006 година, ретко кои меѓу нив се подготвени да ризикуваат да дојдат во судир со џихадистите, за да не завршат како Албу Нимр, оценува Бидл.

Меѓутоа, Гауд вели дека актуелната борба против Исламската држава е нивната света должност, а не дел од спорот околу земјата или околу моќта.

„ИСИС, како што знаете е непријател на исламот‟, изјави тој за „Дејли бист‟. „Секој добар човек би ги убивал‟.

Тој исто така истакна дека другите племиња ја презираат Исламската држава еднакво како Албу Нимр и дека некои од нив ќе се вклучат во поширока борба против ИСИС. „Многу племиња ќе се борат против Исламската држава и ќе ги убиваат нивните припадници… Исламската држава е нехумана‟, вели тој.

Меѓутоа, освен Албу Нимр, племињата во Анбар кои отворено се спротивставуваат на џихадистите, се малубројни.

Непосредно пред и откако Американците го напуштија Ирак, племињата во Анбар кои отворено беа против AQI се почесто доаѓаа во судир со владата на поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики. Неговата секташка политика на цврста рака многумина во Анбар ги одврати од соработка со Багдад, а некои можеби дури и дошле до ставот дека Исламската држава доаѓа да ги спаси.

„Мислам дека ентузијазмот за наводните ослободители варира од племе до племе и веројатно од лице до лице внатре во племето‟, вели Бидл, кој претпоставува дека многу племиња сега Исламската држава ја гледаат како помало од двете зла.

По падот на Малики во септември 2014 година, неговиот наследник Абади се обиде офанзивата во Анбар да ја направи камен темелник за сеопфатна стратегија за преземање на области под контрола на Исламската држава, но до сега неуспешно.

„Ако имате намера да го заживеете Будењето на Анбар, на што САД веќе со месеци се надеваат, на еден или на друг начин ќе мора да ги заживеете силите на безбедност на ирачката влада, во кои племињата би имале доверба и кои навистина би биле способни да ги заштитат, а патот до силите за безбедност кои би личеле на такво нешто, е многу долг‟, вели Бидл.

„Се на се, различните племиња во Анбар, а не само Албу Нимр, не ја сакаат ИСИС и волни се да раскинат со нив кога би знаеле дека ќе преживеат‟.

„Меѓутоа, за тоа ќе биде неопходна поддршка на некој кој е доволно силен да се пресмета со Исламската држава, тоа мора да биде ирачката влада или САД, а ни едните ни другите не се подготвени тоа да го направат‟, вели Бидл.

Иако помош нема на повидок и иако не ја сакаат владата во Багдад, племето Албу Нимр овие денови цврсто пружаше отпор на џихадистите, исто како што тоа го направија кога имаа поддршка од САД: Како што покажуваат настаните во неделата, „Тигрите‟ од Анбар скапо ја платија цената на својата тврдоглавост и храброто пружање на отпор на Исламската држава.