Доделени првите сертификати за сомелиери во Македонија

0
174

DSC_0170-685x320

Првата генерација македонски сомелиери кои посетуваа теоретска настава и вежби за вински дегустации според програмата на Италијанската асоцијација за сомелиерство, и официјално ги доби сертификатите за завршено прво ниво.

Обуката ја организираше Здружението на сомелиери на Македонија.

– Материјата на оваа тема во основа ми беше позната зашто веќе неколку години работам во професионалното угостителство, но за време на обуката се сретнав со податоци и работи кои беа нови и едукативни и за мене. Најмногу ми се допадна тоа што се реализираа практични вежби со дегустациија на преку 30 различни стилови вино. На тој начин и најмногу се учи за виното, рече Александар Менков, еден од новите сомелиери, по синоќешното доделување на сертификатите.

Според неговиот колега Жарко Алексов, програмата овозможила на наједноставен и најбрз начин да се претстави богатиот и комплексен свет на виното, но и да се развијат интерес и страст за него. – Кај мене дефинитивно целта е постигната, изјави Алексов.

Здружението на сомелиери на Македонија ќе продолжи со организирање сомелиерски обуки за нови кандидати.