Грујо ќе го разбуди Хорхе, валандовскиот ТОКМАК ќе ги спасува Миле и Гоца Бесни Брк: Утре пред Уставен- претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности

0
266

Уставниот суд за утре закажал седница на која ќе се расправа за барањето да се смени законот за помилување, објави Телма. Уставниот суд ќе одржи седница по доставено барање за измена на законот за помилување со кои ќе му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Законот предвидува претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Судијата известител, Никола Ивановски според извори на Телма добил барање да се стави на дневен ред на утрешната седница предлогот за измена на Законот кој во 2009-та го потпиша тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Седницата е закажана за 9 часот изутрина.

Овој предлог следува по оформувањето на предметот од Специјалното Обвинителство за изборни нерегуларности направени за време на локалните избори 2012 година, а со кој се опфатени и поранешните функционери во владата и членови на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиевски,Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски и уште неколку лица.

Либертас веќе пишуваше дека владеачките партии сакаат по итна постапка во парламентот да интервенираат во законот за помилување со кој обвинети за изборни измами се изземени од можноста да бидат аболирани, но очигледно одбрано е решението – Уставниот суд да ја врати можноста за помилување.

Како што пишувавме, за ова се заинтересирани и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имајќи предвид дека нивни припадници се дел од обвинението на СЈО дека учествувале во изборни измами.

Уставниот суд исто така е впрегнат во пресметка со СЈО.

Според извори на Либертас во судот, одлука дека Специјалното јавно обвинителство е неуставна е донесена и решението искуцано седело во фиока на Уставниот суд. Се чекало на сигнал од Груевски истото да биде обелоденето во јавноста. Одлуката судот да се прогласи за ненадлежен околу уставноста на СЈО од пред некој ден, според изворите на Либертас е само игра во јавноста на владеачките партии.