Груевски за да го спаси газот на Миле ми текна и Гоца Бесни Брк го впрегна Уставниот суд во пресметка со Катица Јанева: Одлуката дека СЈО е незаконско се чува во фиока!

0
71

Владеачките партии, според извори на Либертас, сакаат по итна постапка во парламентот да интервенираат во законот за помилување со кој обвинети за изборни измами се изземени од можноста да бидат аболирани.

За ова се заинтересирани и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имајќи предвид дека нивни припадници се дел од обвинението на СЈО дека учествувале во изборни измами.

Доколку успеат со амандман да интервенираат во постоечкиот закон се отвара можноста уште во предкривичната постапка од прогон да бидат ослободени лица кои правеле изборни измени.

И Уставниот суд е впрегнат во пресметка со СЈО.

Според извори во судот, одлука дека Специјалното јавно обвинителство е неуставна е донесена и решението искуцано седело во фиока на Уставниот суд. Се чекало на сигнал од Груевски истото да биде обелоденето во јавноста. Одлуката судот да се прогласи за ненадлежен околу уставноста на СЈО од пред некој ден, според изворите на Либертас е само игра во јавноста на владеачките партии.