Во сабота повторно ќе се протест кај Сити мол против урбанистичките планови на Јакимовски

0
265

Иницијативниот одбор на граѓани од Тафталиџе, Карпош 3 и Карпош 4 за во сабота (30.01.2016 год.) во 12:00 часот, повторно најавува блокада на раскрсницата кај Сити Мол (бул. “Партизански Одреди”) во знак на протест од донесените урбанистички планови од страна на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Покажавме дека Карпош не молчи, граѓаните се борат за својата средина. Покажавме дека сакаме зеленило, а не згради и урбана мафија. Сакаме урбанистички планови донесени заедно со граѓаните, а не во сомнителна постапка. Затоа продолжуваме и во сабота, за Карпош, за сите нас! Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат“, стои во повикот за протестот.