Владимир Талевски – Двојче по се изгледа ќе ја отвори сезоната за прдекана, Катица Јанева го ,,чешла” по ќелавица

0
1290

ецијалното јавно обвинителство една од првите постапки што се очекува да ја финализира наскоро со одлука е работата на битолскиот градоначалник Владимир Талески за незаконски исплати од Буџетот и склучување договори без тендер за јавни набавки, пренесува Сведок.

Против Талески, беа поднесени две кривични пријави во битолското обвинителство на 10 март и 7 април 2015 година, кои на крајот на 2015 предметите беа превземени од Специјалното обвинителство.

Се испитуваат наводите од пријавите дека Владимир Талески како градоначалник на Битола во 2011 со пречекорување на своите овластувања дозволил да се исплатат 9.196.000 денари за спортски клубови и социјална помош на граѓаните без да бидат донесени соодветни програми за таквата исплата.

vladimir-taleskiБиле исплaтени 3.971.000 денари по основ на социјлна парична помош, но општина Битола немала донесено програма за социјлна заштита, како што предвидувал членот 11 од Законот за социјлна заштита.

Според оваа законска одредба, општините обезбедуваат спроведување на социјална заштита, донесувајќи програми за потребите на граѓаните, согласно националната програма донесена од Владата. Општината, донесената програма требало да ја достави до Министерството за труд и социјална политика.

Во 2011 година, од буџетот на Општината Битола со која раководи Владимир Талески биле исплатени 5.225.000 денари за спортски клубови, без да има донесено програма за развој на спортот што било спротивно на членот 22-а од Законот за спорт, како и на член 3 од Законот за буџетите каде што се утврдува начелото на транспарентност при трошење на јавните пари.

општина битолаВо 2011 година, според наодите на државните ревизиори и наводите во пријавите, на вработените во општината им бил исплатен надомест за годишен одмор во износ од 1.194.000 денари, иако во законот за државни службеници не било пропишано исплата на таков надомест.

На ваков начин, според обвинувањата против него, градоначалникот Владимир Талески придонел за незаконско трошење на средствата на општина Битола.

Биле исплатени и 3.196.000 денари од Буџетот на Битола на здруженија на граѓани, иако  и за ова ставка општината немала донесено годишен план и програма за распределба на пари за здруженија на граѓани.

талески торта

На шест лица вработени во Општинскиот одбор на месни заедници од Битола им биле исплатени 1.713.000 денари во 2011 година. Општинскиот одбор функционирал со сопствена сметка во Стопанска банка Битола, што било спротивно на законот за локална самоуправа.

Во пријавата против Талески се тврди дека градоначалникот на Битола, само во 2011 година на Буџетот на Општина Битола нанел буџетска штета во вредност од 15.299.000 денари и се бара негова кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување, а вработени во Општината дека сториле кривични дела фалсификување или уништување на деловни книги.

Во наводите за овие дела се цитира и извештајот на Државниот завод за ревизија кој изразил резерва за сите овие трошења и за составувањето на годишните извештаи и вистинитоста на податоците.

Покрај одговорноста за незаконски потрошените 250 илјади евра од оштинскиот Буџет во овој, вториот случај за кој се бара одговорност од градоначалникот Владимир Талески произлегува од прислушуваните разговори.

Станува збор за склучување договор за превоз на ученици кој бил склучен по цени  десет пати повисоки од реалните и за кој договор, министерот за финансии Зоран Ставревски во разговор со тогашната министерка Гордана Јанкуловска се изјаснува дека е „коруптивен до даска“.

Специјалното обвинителство со вештачење треба да утврди колкава штета настанала со договорот што го склучил Талевски со „Транскоп“ без да биде распишан тендер за јавна набавка. Договорот бил склучен во 2010 година.

Битолското обвинителство за овие обвинувања почнало истрага, но по превземање на предметот дејствијата ги продолжило специјалното обвинителство со прибирање на документи и со распит на сведоци. На распит веќе бил викнат битолскиот градоначалник Талески и Советници и вработени во Општината.

Конечните одлуки на СЈО по сите превземени предмети треба да се знаат до 15 март.

извор: Сведок