Ване Цветанов: Се смени времето Горде, дојде време да ја осетиш смрдеата во Шутка!

0
177

Го пренесуваме Фејкуб коментарот на поранешниот директор на Дирекцијата за спречување на перење пари во врска со првиот  случајот по кој постапува Специјалното јавно обвинителство  „Титаник“

„На 16 септември 2013 година, утрото во 5 часот, со десетина специјалци со фантомки, калаши и панцири, со тројца инспектори од УБК, и цела населба блокирана со полиција ме апсепе мене, целосно невин. Два дена ме мавтавте по станици и истражни судии за да ме фрлите 13 месеци да гнијам во притвор, целосно невин. Врз база на твоите конструкции Горде, притисоците од твоите патриски инспектори и судиите од твоето тефтерче, ме осудија 3 години затвор. Ви беше малку Горде, па ми отворивте уште една постапка…
А во меѓувреме ти Горде правеше криминали и се повикуваше на Устав и закон. Се смени времето Горде. Дојде време ти да го осетиш студенилото на лисиците Горде. Дојде време ти да ја осетиш смрдеата во Шутка. Но има една разлика Горде, тебе ќе ти судат по закон и ќе добиеш фер судење за разлика од мене и илјадници други кои настрадаа од твоите монтажи. Како и да е, нека ти е со среќа“, пишува Цветанов.