(ВИДЕО) Шилегов: Очекуваме усогласена методологија за ДИК да започне со прочистување на Избирачкиот список

0
264

Одговори на новинарски прашања на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ:
Во врска со методологијата за прочистување на Избирачкиот список, како партија, што се случи со вашиот став? Имавте забелешки, но дел од другите партии се повлекоа од нивните па дури веќе има и обвинувања кон вас дека само на вас се чека за да кажете став?

Шилегов: Не, СДСМ очекува конечно искрен пристап од ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ во рамки на работните групи како би можела да се усогласи методологијата за да може ДИК конечно да започне со постапката за прочистување на Избирачкиот список. СДСМ како што знае целокупната македонска јавност, во цело времетраење на  разговорите, преговорите и договорите во работните групи е единствената афирмативна политичка партија. Другите политичките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ знаете и  самите дека директно од посредникот во преговарите и диполоматските кор  обвинети како луѓе кое кои го бојкотираат процесот на имплементација на Пржинскиот договор.

Медиуми:  Дали тоа значи дека би се откажале од целосна теренска проверка?

Шилегов: Не, веќе мислам дека еболариравме  во јавноста, доколку ДИК се формираше до крајот на септември, СДСМ ќе инсистираше на активна регистратицја. Кога се проби тој рок од активната регистрација, бидејќи и ДУИ се противеше  и немаше веќе време имајќи го во предвид тогаш утврдениот термин за априлските избори, рековме дека ќе преминеме на целосна теренска проверка. Парцијални решенија не можат да доведат до целосно прочистување на Избирачкиот список, со што ќе се доведе до прашање кредибилноста на изборите, коишто очигледно нема да можат да се одржат на 24 април.