(ВИДЕО) Шахпаска: Ги поддржуваме лекарите, Тодоров мора да поднесе оставка

0
16

DSC_0022-640x320

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поддржува лекарите и целосно го разбира нивниот револт поради крајно понижувачкиот статус на здравствените работници.

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен, болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, се случува пукање врз лекарите по клиниките, умираат родилки и бебиња…

Поради целиот хаос лекарите протестираат. До крајот на неделава нема да работат амбулантите на Клиниката за дигестивна хирургија и нема да се извршуваат операции, освен во најитни случаи“, рече на денешната прес конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка и претседателка на Комисијата за здравство, СДСМ.

„Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во 2013 година, во Македонија починале дури 229 доенчиња!

Никола Груевски потроши неверојатни 630 милиони евра за споменици а според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра, а обврские се над 70 милиони евра.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

Пациентите, граѓаните и лекарите бараат оставка од Никола Тодоров. Само Никола Груевски лицемерно и срамно го брани.

Дали со тоа што Груевски го брани Тодоров сака да ги спаси тендерите и сомнителните зделки во здравството? Никола Тодоров мора веднаш да поднесе оставка и да понесе одговорност“, изјави Шахпаска.

СПОДЕЛИ