(ВИДЕО + ФОТОГАЛЕРИЈА) Прилепските социјалдемократи најавија хуманитарна акција за помош на опожарените семејства

0
208

Претставници на општинската организација на СДСМ од Прилеп, пратеници и членови на Советот, денеска ги посетија семејствата кои претпреа огромен стрес и материјална штета во пожарот што синоќа изби на улица Бидимаж во Прилеп, во 19.20 часот, од експлозија на плинска боца. Претседателот на о.о. на СДСМ и координатор на советничката група, Сашо Велески, најави хуманитарна акција, но рече и дека советниците од опозицијата ке иницираат Советот да донесе одлука за да им се парична помош на овие семејства, со цел што поскоро да се нормализира нивниот живот.

DSCN8289-3f6b4236ea

„Денес бевме во посета на опожарената зграда во населбата Бончејца во Прилеп, да видиме што се случило и колкави се штетите настанати од пожарот.

Видовме дека неколку станови се опожарени, направена е поголема материјална штета, за среќа луѓето поминале со помали повреди, изгореници, пак за среќа нема поголеми последици по нивното здравје и сите се вратени на домашно лекување.

За големата штета, се трудиме дека Прилеп ќе излезе во пресрет и како Општина и како Совет да се санира штетата и на луѓето да им помогнеме во овие студени денови најбрзо што може.

СДСМ како општинска организација ќе организираме хуманитарна акција, да им помогнеме на луѓето кои се најпогодени од оваа непогода, а исто така ќе ја искористиме приликата да нашата советничка група во Советот на Општина Прилеп да поднесе  барање до Советот да се даде еднократна помош на оштетените во оваа несреќа, која што за жал во овие студени денови ги погоди овие луѓе.

Ние како партија, излегуваме пресрет секогаш кога луѓето, жителите, нашите сограѓани кои имаат проблеми од секаква природа. Добро ќе се организираме во соработка со сите наши членови, симпатизери, а исто така со нашите услуги во Советот на општина Прилеп, брзо да излеземе пресрет и да им помогнеме што е можно поскоро.

Се надевам дека вакви несреќи нема да се случуваат, а ние ќе бидеме секогаш тука да им излеземе пресрет на барањата на граѓаните“, изјави Велески, по посетата на семејствата кои претрпија големи штети.

DSCN8294-1aa8b33415 DSCN8296-cb8f5cf065 DSCN8298-3bcee65c0e DSCN8299-fd2545fad1 DSCN8302-2ef0e1fe27